Турција

Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Берсет

Средбата во Претседателскиот комплекс во Анкара беше затворена за новинарите

Özcan Yıldırım  | 22.04.2025 - Обновена : 22.04.2025
Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Берсет Фото: Murat Çetinmühürdar/AA

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет, јавува Анадолу.

Средбата во Претседателскиот комплекс во Анкара беше затворена за новинарите.

На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, и главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич.

Претходно во текот на денот, Берсет оствари одделен состанок со турскиот министер за надворешни работи Фидан, на кој се разговараше за соработката меѓу Туркије и Советот на Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.