Турција

Ердоган разговараше телефонски со Меркел

Ердоган упати честитки до Меркел по повод повторниот избор за позицијата канцеларка. Двајца официјални претставници ја потврдија својата решеност во поглед на интензивирање на меѓусебниот дијалог и соработка

Kübra Chohan  | 15.03.2018 - Обновена : 16.03.2018
Ердоган разговараше телефонски со Меркел

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговараа за билатералните односи и регионалните прашања, јавува Anadolu Agency (AA).

Според наводите од кабинетот на турскиот претседател, двајца функционери, исто така разговараа и за односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Ердоган упати честитки до Меркел по повод повторниот избор за позицијата канцеларка. Двајца официјални претставници ја потврдија својата решеност во поглед на интензивирање на меѓусебниот дијалог и соработка.

Тие ја истакнаа важноста на соработката меѓу двете земји во борбата против илегалната миграција и прашањето на бегалците.

За време на разговорите беше нагласена и потребата за заедничка борба против терористичките организации.

Претседателот на Република Турција, исто така ја информираше Меркел за операцијата Маслинова гранка", која турските сили ја спроведуваат против терористите во Африн во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın