Jeyhun Aliyev
01 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турција е во историска и суштинска борба за нејзината сегашност и иднина, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Продолжуваме со нашите напори деноноќно за заштита на интересите на нашата земја и за тоа нашата нација да излезе со победа […] која ќе биде голема барем како пред 100 години“, напиша Ердоган на Твитер.
Тој истакна дека Турција делува со свесност и дека со воздржување од борба и со неводење грижа за единството во регионот, кој секогаш низ историјата бил подложуван на окупации и угнетувања, ќе резултира со плаќање на поголема цена.
Ердоган посака божја милост за сите загинати херои (шехиди), кои ги положија своите животи во големата битка за татковината.
„Праведната борба против угнетувањето ќе продолжи до крај“, рече тој.
Истакнувајќи дека Турција никогаш нема да се повлече од својата борба, Ердоган рече дека крвта на шехидите нема да се остави на земја, и дека нема да се заборави ниедно предавство.
„Сè додека народот е покрај нас, ние [Турција] можеме да ја надминеме секоја тешкотија, да им дадеме историска лекција на оние што мислат дека можат да нè втурнат во ќош“, рече тој.