Jeyhun Aliyev
10 Август 2019•Ажурирај: 12 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повтори одлучноста во борбата против оние кои го имаат како цел развојот на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ќе продолжиме да ги разочаруваме оние кои користат многу методи, од терористички напади до економски стапици за да ја запрат Турција во периодот пред нас“, истакна Ердоган во видеопораката по повод празникот Курбан бајрам.
„Турција ја добива својата сила од единството, солидарноста и братството“, рече тој.
„Месецот август во нашата историја е забележан како месец на победи“, нагласи Ердоган, мислејќи на Денот на победата над грчките сили во 1922 година, кое се случи на 30 август, како и антитерористичката операција на Турција „Штитот на Еуфрат“, којашто беше започната исто така во август, 2016 година во Сирија.
„Се надевам дека ќе додадеме нова победа во низата победи овој август“, рече Ердоган.
Тој посака празникот Курбан бајрам да донесе добробит за турскиот народ, за целиот муслимански свет и за целото човештво.