Burcu Arik
08 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Ерменскиот патријарх во Истанбул ја осуди политизацијата на смртта на Отоманските Ерменци во 1915 година по изгласувањето на резолуцијата во германскиот парламент во која таа е етикетирана како „геноцид”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмото упатено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Архиепископот Арам Атесјан вели: „Како што кажавме многупати предходно, навистина е тажно болката која создаде траума меѓу ерменскиот народ да се користи во политичката арена”.
Архиепископот изјави дека е неприфатливо претставниците на германските граѓани да изразуваат мислење или да донесуваат закони во однос на прашањето кое нема никаква поврзаност со германскиот народ.
Писмото претставува најновиот развој по гласањето во Бундестаг минатата недела, во кое беше изгласана резолуција во која смртта на Ерменците за време на Првата светска војна се окарактеризира како „геноцид”.
Турција отсекогаш ја признавала трагедијата на смртта на двете страни во источна Анадолија кога одреден број од османлиското ерменско население се крена во поддршка на навлегувањето на руските сили. Во неколку наврати се повикуваше на формирање меѓународна комисија на историчари за решавање на спорот.