Dejan Maksimoviç
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
ПАРИЗ (AA) – Турскиот судија Џунејт Чакир ја доби честа да ја суди најчуствителната и вероватно најинтересната утакмица од осмина финалето ЕУРО 2016 во Франција помеѓу Италија и Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Европската фудбалска федерација (УЕФА) со овој потег искажа голема доверба кон турскиот судија, кој 2015 година го судеше финалето од Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Барселона.
Натпреварот помеѓу Италијанците и Шпанците е реприза од финалето од минатото Европско првенство кое е одржано во Полска и Украина. Во тој натпревар Шпанија славеше со убедливи 4:0 така да Италија силно сака да се реваншира. Уште кога ќе се земе в предвид темпераментот на овие репрезентции, тогаш е јасно дека може да се очекува доста "оган" на теренот.
Италијанците и Шпанците до сега одиграа 34 натпревари, двете селекции остварија по десет победи, додека 14 средби се завршени со реми.
Натпреварот од осмина финалето Италија-Шпанија ќе се игра во 18 часот на "Stade de Franceu“ во Сент-Денис.