Mehmet Emin Gürbüz
26 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
БОЛУ (АА) - За да го искаже своето незадоволство и противењето на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, со која го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, Нуретин Коч (35) се одлучи да пешачи од Истанбул кон Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
Коч и покрај студеното време и ниските температури го продолжи својот пат кон Кудс, носејќи палестинско знаме. Новинарите на АА го затекнаа во малиот град Болу, каде направи мала пауза.
Во разговорот за АА, Коч истакна дека на 17 декември од Истанбул тргнал пеш на пат кон Кудс.
„Стигнав во Болу, очекувам дека за пет или шест дена ќе стигнам до Анкара, од каде што планирам да продолжам кон Хатај“, вели Коч, додавајќи дека очекува неговиот пат до Кудс да трае околу два месеци.
Тој се осврна и на случувањата во Кудс, и порача:
„Кудс веќе со години се соочува со насилства. Секој мора да стори нешто за Кудс. Јас како човек, како муслиман, се запрашав што би можел да сторам. Се одлучив за овој пат. Верував дека можам да го сторам тоа и сега ја остварувам својата цел“, порача Коч.