Barış Kılıç,Serdar Açıl
08 Јануари 2019•Ажурирај: 09 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - На 19 декември 2016 година во Анкара беше извршен атентат во кој е убиен амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов. Денеска започна судскиот процес против 28 лица, меѓу кои е и лидерот на терористичката органиација ФЕТО, Фетула Ѓулен, за убиството на рускиот амбасадор, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 2. Кривичен суд во Анкара започна процесот против 9 лица кои се приведени и 5 лица кои се бранат од слобода, ка која присуствуваа две лица ранети за време на настанот и адвокатите на обвинетите.
Четворица од обвинетите кои се во притвор, на рочиштето учествуваа преку системот за видеоконференција.
Амбасадорот на Русија во Анкара, Андреј Карлов, на 19 декември 2016 година беше убиен од страна на полицискиот службеник Мевљут Мерт Алтинташ, а Алтинташ подоцна беше неутрализиран од страна на безбедносните екипи.
По спроведената истрага во врска со случајот, подигнато е обвинение за 28 лица, меѓу кои се наоѓа и лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен. Во обвинувачкиот акт, Ѓулен и уште 16 други обвинети директно се поврзуваат со атентатот и покрај двојна доживотна казна затвор под отежнати услови по обвиненијата „обид за укинување на уставниот поредок“, „убиство со умисла за терористички цели“, по обвиненијата „поттикнување на убиство со умисла за терористички цели“ и „намерно убиство за терористички цели“, за обвинетите се бараат различни казни затвор.
Во рамките на истрагата е дојдено до информациите дека Ајше Соѓут, сопруга на Шахин Соѓут, кој е „учителот“ на атентаторот Алтинташ во рамките на организацијата, за време на школувањето во Високата полициска школа во Измир, била член на иста „ќелија на организацијата“ со Алтинташ. За 12 обвинети за кои нема доказ за директна поврзаност со убиството на рускиот амбасадор, поради членство во ФЕТО, под обвинение за „членство во вооружена терористичка организација“, побарана е казна од 7,5 до 15 години затвор.
Во обвинението се истакнува дека зад обвинението за атентатот на Карлов стои терористичката организација ФЕТО, која е извршител на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција и истовремено е органиација за шпионажа и разузнавање.