Uğur Çil
28 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
АНКАРА (АА) - На повик на Република Турција, на 1. август во Истанбул ќе се одржи вонреден состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС), во врска со последните случувања во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација е потврдена од Министерството за надворешни работи на Турција, а во соопштението е наведено дека вонредниот состанок е свикан во врска со последните случувања во Ерусалим и џамијата Ал Акса.
„На повик на Турција, која е претседавач со извршниот комитет, на 1. август 2017 година во Истанбул ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ОИС. Тема на состанокот ќе бидат случувањата во Харем-и Шериф“, се вели во соопштението на турското МНР.
Организацијата за исламска соработка е меѓународна организација во којашто членуваат 57 држави во коишто исламот е државна, мнозинска или малцинска религија.