İsa Toprak
27 Ноември 2022•Ажурирај: 28 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди северозападната турска област Дузџе рано утрово, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската Агенција за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот се случил во 6:57 часот по локално време.
Потресот се случил на длабочина од 9,5 километри.
Инаку, Дузџе во средата беше исто така потресен од земјотрес со јачина од 5,9 степени со епицентар во подрачјето на Голјака, во кој беа повредени најмалку 93 лица.