Seda Sevencan
03 Септември 2022•Ажурирај: 05 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Југозападната турска област Мугла, на брегот на Средоземното Море, денес ја потресе земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот е регистриран недалеку од брегот на Дача во Мугла во 7:13 часот по локално време, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД).
АФАД објави дека епицентарот на потресот бил на 6,76 километри длабочина во тлото.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, се наведува од АФАД.