Ekipa
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на конкурсот за „Најдобра фотографија“ избрани се најдобрите фотографии на репортерите на Anadolu Agency (AA), кои ја одбележаа 2017 година.
Во изборот на најдобрите фотографии во три категории учествуваа вкупно 260.231 гласачи, а најдобрите се избрани меѓу 69 фотографии кои влегоа во финалниот избор.
Во категоријата „Вести“ за најдобра е избрана фотографијата на Висам Хашламун под насловот „16-годишно дете, симбол на отпорот“. На фотографијата е палестинското момче Февзи ал-Џунаиди со врзани очи, додека група израелски војници го приведуваат по немирите во Хеброн на Западниот Брег, кои следеа веднаш по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерусалим (Кудс) да го признае за главен град на Израел.

Во категоријата „Животот“ победи фотографијата на Џем Оксуз под наслов „Турски ѕвезди во Измир“, а се работи за фотографија снимена за време на аеромитингот на турските воздухопловни сили.

Фотографијата „Радоста на Турција“ е победник во категоријата „Спорт“, а станува збор за фотографија која е направена од фоторепортерот на АА Абдула Џошкун, снимена за време на прославата на фудбалската репрезентација на лица со ампутирани екстремитети на Турција, по освојувањето на Европското фудбалско првенство на играчи со ампутирани екстремитети.