İlker Girit
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со лидерите на Иран,Тунис и на Малезија во врска со очекуваната одлука на САД за признавање на Ерусалим како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Според претседателскиот извор, Ердоган на иранскиот претседател Хасан Рухани, тунискиот претседател Беджи Каид Есепси и на малезискиот претседател Наџиб Разак им кажал дека ваквиот потег може да го наруши мировниот процес на Блискиот Исток.
Тројца високи официјални претставници од администрацијата на Трамп синоќа потврдија дека американскиот претседател официјално ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел и ќе започне со подготовките за преместување на американската амбасада во спорниот град.
Палестинците, арапските и муслиманските земји предупредуваат дека едностраното признавање на Ерусалим како главен град на Израел ќе предизвика широкораспространет гнев во јавноста и ќе го блокира мировниот процес.
За време на изборите, Трамп вети дека ќе ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.
Ерусалим останува во сржта на трајниот конфликт меѓу Израел и Палестина, бидејќи Палестинците се надеваат дека Источен Ерусалим, кој е окупиран од страна на Израел, ќе биде главен град на идната држава.