Halil Demir,Mustafa Hatipoğlu
07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата против терористичката организација на Фетула (ФЕТО), турската полиција започна истовремена акција во повеќе од 35 града низ цела Турција, со цел да се приведат 166 рангирани офицери во полицијата, меѓу кои се наоѓаат и шефови на полициски станици, јавува Anadolu Agency (AA).
По налог на турското обвинителство, извршени се истовремени акции со цел да се приведат лица за кои е утврдено дека го користеле системот за шифрирана комуникација „Бајлок“ (ByLock), кој е користен меѓу членовите на терористичката организација на Фетула (ФЕТО), одговорни за крвавиот обид за државен удар во Турција, на 15 јули оваа година.
Во акциите се приведени 120 рангирани полициски офицери, од 166-темина по кои е издадена потерница. Акциите, кои беа спроведени во повеќе од 35 града, само во Истанбул беа изведени на 26 локации.