Sertaç Bulur
26 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
АНКАРА
Крајбрежната стража на Република Турција во текот на минатата година изврши 935 спасувачки операции и спаси 12.655 лица, меѓу кои беа и мигрантите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Крајбрежната стража постојано ги следи турските води и за тоа ги користи поморските, копнените и воздушни единици Основната задача е да се спасат животите на несреќните луѓе.
Додека целиот свет во текот на 2020 година беше фокусиран на борбата против пандемијата на Ковид-19 и борбата за спасување животи, властите на Грција го свртеа грбот на мигрантите во Егејското море.
Иако крајбрежната стража на Турција очекуваше намалување на бројот на спасувачките акции во екот на пандемијата, се случи спротивното поради тоа што Грција ги туркаше мигрантите од својот брег кон Турција.
Тимовите на крајбрежната стража на Турција во текот на 2020 година извршија 935 спасувачки акции, вклучувајќи ги и акциите на спасување на мигрантите вратени од Грција. Спасени се вкупно 12.655 лица, меѓу кои 11.494 мигранти.
Тоа е за 41 отсто повеќе операции и за 176 отсто повеќе спасени во однос на акциите кои Крајбрежната стража на Турција ги изврши претходната година. Во текот на 2019 година крајбрежната стража на Турција изврши 662 акции и спаси 4.592 лица.
Турција со спасувањето на мигрантите во своите води и покажа на светската јавност колку се грижи за животите на луѓето.
Крајбрежната стража на Турција работи и на акциите на траснпорт на болните луѓе, а учествуваше и во спасувачките акции по поплавите, земјотреси и други природни катастрофи кои минатата година ја погодија Турција.