Muhammet Emin Avundukluoğlu
13 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
АНКАРА
САД треба да го екстрадираат лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, кој се наоѓа зад поразениот удар во Турција во 2016 година, изјави денес лидерот на најголемата политичка партија во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Tурскиот народ нема да може да здивне..., сè додека не се растурат гнездата на тероризмот во Пенсилванија, а лидерот на терористите Фетула Ѓулен и неговата банда не одговараат пред турската правда“, изјави Девлет Бахчели, лидерот на Партијата за национално движење (МХП) пред парламентарната група на неговата партија.
Ѓулен е странски државјанин кој живее во Пенсилванија.
Бахчели рече дека ако САД не застанале зад ФЕТО, тогаш според правилата на сојузите, САД „веднаш“ ќе го екстрадирале Ѓулен во Турција.
„Нема алтернатива, друго решение, друг избор, цената на предавството немаше да биде платена во спротивно“, рече тој.
„САД се должни да ја исполнат оваа историска должност, да ја поддржат борбата против тероризмот“, додаде тој.
Од 2016 година, американските претседатели тврдат дека останува на независните судски органи да одлучат за екстрадицијата на Ѓулен, тврдејќи дека Турција не им дала доволно докази за вината на Ѓулен.
Но, Турција соопшти дека на американските власти им испратила обемни докази кои покажуваат дека Ѓулен бил организатор на пучот.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.