Behçet Alkan
10 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
НЕВШЕХИР
Маглата и балоните со топол воздух во Кападокија која е еден од најважните туристички центри на Турција, создадоа прекрасен поглед, јавува Агенција Анадолија (АА).
Маглата во Кападокија која е позната по самовилските оџаци и интересните карпести формации, се обедини со балоните со топол воздух кои на туристите им овозможува од птичја перспектива да ги видат историските, културните и природните убавини.
Во ова подрачје каде се намали видливоста поради маглата, балоните со топол воздух се движеа низ долините.
Љубителите на фотографија сакаа да го фотографираат пејзажот со магла во подрачјето, и се обидуваа да го фатат најдобриот кадар.
Балоните со топол воздух кои тргнаа од местото Ѓореме, околу еден час се движеа низ овој поглед без преседан.