Merve Özlem Çakır
04 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
АНКАРА
Населението на Турција се зголеми за 1.065.911 жители во 2021 година во однос на претходната година и достигна 84.680.273 жители, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за статистика на Турција (TÜİK) ги соопшти резултатите од Пописот на населението за 2021 година врз основа на адреси.
Според тоа, населението на земјата, кое заклучно со 2020 година изнесуваше 83.614.362 жители, минатата година се зголеми за 1.065. 911 жители и ја достигна бројката 84.680.273.
Стапката на машката популација, според податоците на Институтот, е 50,1 отсто (42.428.101 жител), додека стапката на женската популација е 49,9 отсто (42.252.172 жители).
Годишната стапка на пораст на населението во 2020 година изнесувала 5,5 проценти на илјада жители, додека оваа бројка во 2021 година се зголеми на 12,7 проценти на илјада жители.
Процентот на жители во градовите и градските центри во 2020 година изнесуваше 93 проценти, а во 2021 година процентот се зголеми на 93,2.
Процентот на жители што живеат во селата од 7 проценти се намали на 6,8 проценти.