Gözde Bayar
04 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку четворица терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа лоцирани во подрачјето на операцијата „Канџа-Молња““, соопшти Министерството на Твитер.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во подрачјето на северен Ирак, веднаш преку турската граница, каде што планираат изведување на терористички напади на територијата на Турција.
Операциите „Канџа“ се серија офанзиви кои Турција ги спроведува од 2019 година против терористичките организации во северен Ирак, особено против ПКК.
Операциите „Канџа тигар“ и „Канџа орел“ беа иницирани во јуни 2020 година, во регионите Синџар, Кандил, Хафтанин и Зап, додека „Канџа гром“ и „Канџа Јилдирим“ започнаа минатиот април во ирачките региони Метина и Авасин Басјан.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.