Cansu Dikme
15 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека тековната криза меѓу заливските земји е вештачка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Меѓу две земји, или една земја и други земји од заливот не постои криза којашто се темели на вистинска причина. Тоа е фабрификуван и вештачки спор“, изјави Нуман Куртулмуш пред претставниците на весниците и ТВ-каналите за време на собирот за ифтар во Анкара.
„Сите гледаат дека има потенцијал да се претвори во голема криза“, вели тој, додавајќи дека тоа може да влијае на соседните земји.
На прашањето дали иницијативата на Турција за решавање на кризата може да се нарече „посредување“, Куртулмуш одговори: „Доколку е потребен каков било посредник во иднина, Турција е победник во регионот“.
На 5. јуни, пет арапски земји (Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ, Бахреин и Јемен) ги прекинаа дипломатските врски со Катар, обвинувајќи ја Доха за поддржување на тероризмот.