Mümin Altaş
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на канцеларијата на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Садиска Арабија треба и може да ја реши актуелната криза во Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин на денешната прес-конференција ја коментираше актуелната криза во Заливот којашто се огледува во блокадата на Катар од страна на Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин, Египет и уште неколку земји.
„Сакам тука да кажам дека Саудиска Арабија има особено важна улога. Во својство на разумен и силен актер во регионот, способна е да ја реши актуелната криза“, изјави Калин.
Осврнувајќи се и на ситуацијата во Ирак, Калин изјави дека е лоша и опасна идејата за распишување референдум за самостојност на Курдската регионална управа на северниот дел на Ирак.
„За тоа прашање сме во контакт и разговораме со официјалните лица на курдската управа и со официјалните лица на Багдад. Нашата приоритетна цел е со преговорите да се откаже од таа грешка “, изјави Калин и додаде дека Турција ќе ги продолжи тие преговори, а дека нема намера забрзано да воведува некои санкции и да ја блокира северната граница на Ирак.