Ramazan Ercan
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
ИЗМИР (АА) – По договорот за решавање на мигрантската криза постигнат помеѓу Европската унија (ЕУ) и Турција, по 20 март се намали интензитетот на миграции на бегалците кои во потрага на подобар живот заминуваат во европските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегалците од многубројни причини како што се војна во земјата, економски и политички причини, го продолжуваат својот “пат на надежта”, но сепак се во помал обем во споредба со минатиот период.
Минатата година во Европа стигнаа повеќе од 800 илјади бегалци, а екипите од крајбрежната стража на Турција фатија повеќе од 91.611 бегалци во обид на илегален премин на турската граница. Илегалните миграции продолжија и во 2016 година.
На тој начин, екипите од крајбрежната стража во јануари 2016 година во прилика на илегални миграции фатија 5.506 мигранти, во февруари 8.739 мигранти а до 20 март 22 илјади мигранти. Само два дена подоцна пред договорот да стапи на сила, интензитетот на миграции се намали.
На тој начин, во Егејското море во март фатени се вкупни 7.842 мигранти кои се обиделе на илегален начин да ја преминат границата, а од 20 март фатени се 795. Имено на 20 март фатен е 31 мигрант, 21 март 233 мигранти, ден подоцна, 22 март 61 мигрант, 25 март 41 и 27 март фатени се 429 мигранти. Март 2016 година е единствен месец во кој бројот на мигрантите е помал од бројот на претходниот месец.