03 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулската населба Бејоглу избувна пожар во кој животот го загубија четири лица, а едно е повредено, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, од засега непознати причини избувнал пожар во горните катови од една стара историска 5-катница.
По пријавата за пожар, противпожарната екипа пристигна на местото на несреќата, извлекувајќи од зградата три лица кои од пожарот беа заробени во зградата.
Тешко повредените лица, со изгореници по телото, по укажаната прва помош на местото на несреќата се пренесени во болница.

И покрај сите напори на медицинскиот персонал, две од трите повредени лица починаа поради здобиените изгореници.
По информациите дека во зградата има и други лица, пожарникарите во текот на борбата со огнот, од објектот извлекоа уште две безживотни тела.
Продолжува борбата на противпожарните екипи за ставање на пожарот под контрола.