Eşber Ayaydın
12 Јануари 2023•Ажурирај: 13 Јануари 2023
ШАНЛИУРФА (АА) – Најмалку седум лица за кои се сомнева дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ се приведени во Туркије, соопштија властите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тие беа фатени во истовремени рации на антитерористички и разузнавачки тимови во седум области“, соопшти жандармеријата на југоисточната провинција Шанлиурфа.
„Рациите беа извршени како дел од истрагата што се спроведува во Шанлиурфа во координација со Јавното обвинителство во областа“, се вели во соопштението.
„Се верува дека осомничените се поврзани со терористичката организација ДЕАШ и можеби планирале самоубиствени напади во Туркије“, се додава во соопштението.
Во 2013 година Туркије стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш во земјата беа изведени повеќе напади од терористичката организација во коишто загинаа над 300 луѓе, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки и 4 оружени напади.
Како одговор Туркије започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи идни напади.