İlkay Güder
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, телефонски му ја честиташе победата на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателството на Турција, претседателот на Руската Федерација, Путин, на претседателот Ердоган му ја честиташе победата извојувана на изборите одржани на 24 јуни.
Во разговорот, двајцата лидери ја потврдија посветеноста за поголем развој на турско-руските односи.
Двајцата лидери го истакнаа и значењето на соработката меѓу Русија и Турција за регионалните прашања, првенствено по прашањето за Сирија.