Nilay Kar
25 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
ЕДРЕНЕ (АА) - Најмалку осум лица осомничени за поврзаност со ФЕТО се приведени во северозападна Турција, додека се обидувале илегално да преминат во соседна Грција, изјавија денес безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Војниците ги фатиле осомничените лица во воената зона во турската област Едрене, во близина на границата со Грција, додека планирале илегално да преминат во Грција, изјавија извори кои зборуваа под услов на анонимност.
„Двајцата осомничени, Али Т. и Ибрахим Т., се товарат за членување во терористичката организација ФЕТО“, додадоа изворите.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот државен удар од 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.