Aldıjana Hadzıc
20 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Обилни врнежи ја зафатија Анкара, главниот град на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Пороите кои погодија неколку делови на градот, го отежнаа, а во одредени делови во потполност го парализираа сообраќајот. Материјална штета е направена на поголем број возила, како и на деловни простории.
Во тек се и акции за спасување на луѓе кои се нашле во возилата зафатени од водните наноси, а поголеми количини вода се собраа под подвозниците.
Метеоролошкиот завод го предупреди локалното население дека врнежите би можеле да потраат до вечерните часови.
Граѓаните се повикани да преземат мерки на претпазливост пред ризиците од водните наноси, од опасноста од град и громови, како и од силниот ветер.