Mehmet Sıddık Kaya
20 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
ДИЈАБАКИР (АА) - Во акција против наркомафијата организирана во турскиот град Дијабакир запленети се повеќе од 1,2 тони марихуана и 508.737 стебленца индиски коноп, јавува Anadolu Agency (AA).
Дрогата е пронајдена на 26 контролни точки.
Во соопштението на Кабинетот на гувернерот на Дијабакир се наведува дека е завршена акцијата започната во четвртокот.
Исто така, во акцијата против припадниците на терористичката организација ПКК во подрачјата Личе, Хазро и Коџакој, уништени се две засолништа и пештери кои ги користеле терористите, но и 50 килограми амонијак-нитрат.