Ekrem Payan
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
ШИРНАК (AA) - Најмалку две деца загинаа, а четири се ранети во експлозијата која ја подметнаа терористите на ПКК во југоисточниот турски град Ширнак, јавува Anadolu Agency (AA).
Информацијата е потврдена од Кабинетот на гувернерот на Ширнак.
Најмалку шест деца се ранети во експлозијата во градот Ширнак, а утврдено е дека се работи за експлозивна направа која претходно ја постави терористичката организација ПКК. Децата итно се префрлени во државна болница во Ширнак, но и покрај сите напори на лекарите двете ранети деца го загубија животот", наведено е во соопштението.
Останатите четири деца останаа на лекување во болницата, а од Кабинетот на гувернерот на Ширнак упатени се желби за брзо опоравување, додека на семејствата на загинатите деца изразено сочуство.
Сеуште не е објавено колку години имале двете загинати деца.