Muhammed Nuri Erdoğan
28 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во воздушна операција на турските сили во северен Ирак неутрализиран е еден терорист на ПКК, во подрачјето на Зап, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана објавено на Твитер се наведува дека решително продолжуваат операциите против терористичката организација ПКК.
„Терористот на ПКК, кој е откриен во регионот Зап на северот на Ирак, е неутрализиран со извршената воздушна операција“, се нагласува од Министерството.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северна Сирија и северен Ирак.
Воените операции во пограничните региони се засноваат на правата на Турција базирани на меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на ОН за борба против тероризмот.