Fırat Taşdemir
19 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Тројца припадници на терористичката организација ПКК се предадоа на безбедносните сили во југоисточните турски области Мардин и Ширнак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Турција.
„Во координација на Министерството за внатрешни работи, преку активностите за убедување спроведени од страна на Генералната полициска дирекција и Генералната жандармериска команда, тројца припадници на терористичката организација, на која се приклучиле во 2014 и 2015 година, се предадоа на безбедносните сили во Мардин и Ширнак“, се вели од Министерството.
Турските сили неодамна започнаа антитерористичка операција во регионот со цел целосно елиминирање на сепаратистичката терористичка организација ПКК од земјата и неутрализирање на сите терористи кои се засолнуваат во овој регион.
Според соопштението, бројот на терористи што од почетокот на годината се предадоа само преку кампањата на убедување на турските безбедносни сили се искачи на 157.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.