Sefa Şahin
18 Февруари 2023•Ажурирај: 20 Февруари 2023
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - СЕФА ШАХИН -
Деветгодишната Вефа Шелети е спасена од урнатините под кои сама помина 136 часа, јавува Анадолу.
Од урнатините на петкатница, 16 часа по земјотресот, спасени се таткото Амар и пет деца. Мислеа дека Вефа нема преживеано.
Мајката ноќта на земјотресот била кај сестра си, а по земјотресот отишла во семејната куќа.

Видела дека зградата е претворена во урнатини, но чекала вести за нејзиното семејство.
Таткото и пет деца се извлечени 16 часа по земјотресот.
Кога таткото дозна дека неговата ќерка не е меѓу донесените во болница, ја сподели нејзината фотографија на социјалните мрежи и побара помош да ја пронајде.
Враќајќи се во Кахраманмараш со своите деца, шест дена по земјотресот и лекувањето во Адана, таткото мислел дека неговата деветгодишна ќерка не преживеала под урнатините.

Побарал помош од спасувачкиот тим од Измир. По 2,5 часа потрага под урнатините ја виделе раката на детето и го слушнале нејзиниот глас.
„Девојчето е живо“, викнале спасувачите. Тие не го оставиле детето додека не пристигнале спасувачите од АФАД.
Ја спасија откако под урнатините беше 136 часа. Девојчето е префрлено во болница во Адана.
Таткото Амар за Анадолу изјави дека дошле од Сирија во 2013 година.
„Вефа објасни сè што има доживеано под урнатините додека беше на лекување во болница. Спиеше на ќебе во дневната соба. Кога се разбудила, повикала 'мама и тато' и рече дека заспала кога не можела да нè види. Креветот и ќебето беа во вода. Фала му на Бога, нема здравствени проблеми“, раскажа таткото.
Шенер Авџи, еден од спасувачите, рече дека мислеле дека детето починало.
Како што раскажа, ги предупредил спасувачите дека петкатницата е уништена и дека не е безбедно да се влезе во неа.
„Не можевме да веруваме кога го слушнавме гласот на девојчето, итно повикавме брза помош“, рече Авџи.