Aykut Karadağ
23 Септември 2022•Ажурирај: 25 Септември 2022
АНКАРА (АА) ‒ Бројот на странски посетители кои дошле во Туркије во првите осум месеци од годината е зголемен за 108,48 отсто во однос на истиот период од претходната година и достигна 29.334.652, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за култура и туризам сподели податоци за бројот на посетители на земјата во периодот јануари ‒ август.
Според тоа, Туркије во првите осум месеци од годината беше домаќин на 32.500.190 посетители.
Бројот на странски посетители е зголемен за 108,48 отсто во однос на истиот период од претходната година и достигна 29.334.652.
Во рангирањето на земјите од кои пристигаат најголем број посетители во Туркије, на прво место е Германија со пораст од 105,7 отсто и достигна 3.850.816 лица. Втора е Руската Федерација со пораст од 22,8 отсто и 3.003.836 посетители. Обединетото Кралство се најде на третото место со зголемување од 2.120,6 отсто, достигнувајќи бројка од 2.360.404 посетители, а по неа следуваат Бугарија и Иран.
Бројот на странски посетители во август е зголемен за 52,32 отсто во однос на истиот месец од претходната година и достигна 6.304.443.
Најмногу посетители во Туркије во август има Германија со 858.265 лица, Руската Федерација со 806.505 лица, потоа следуваат Обединетото Кралство со 550.156 лица, Бугарија и Иран.