Göksel Yıldırım
23 Септември 2022•Ажурирај: 24 Септември 2022
ПРЕТОРИЈА (АА) ‒ ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ ‒
Турското борбено пловило без екипаж „Санџар“ за првпат е претставен на јавноста на Африканскиот саем на авијација и одбрана ААД 2022 кој се одржува во Преторија, главниот град на Јужноафриканската Република, а наскоро би можел да биде ставен во употреба, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Санџар“ е произведен во соработка меѓу турските компании од секторот за одбранбена индустрија, ХАВЕЛСАН и „Јонџа-Онук“.
На саемот учествуваат и голем број други турски компании, претставници на секторот за одбранбена индустрија на Туркије, меѓу кои и ХАВЕЛСАН.

‒ 20 турски компании ‒
Генералниот директор на ХАВЕЛСАН, Мехмет Акиф Наџар, за АА изјави дека на саемот учествуваат повеќе од 20 турски компании и дека нивната компанија првпат учествува на саемот во овој регион.
Тој истакна дека ХАВЕЛСАН работи на развој на бизнисот во Африка од 2020 година.
„Гледаме дека можеме да работиме во овој регион, како во рамките на меѓудржавната соработка во областа на одбраната, така и со различни модели на финансирање“, рече Наџар.
‒ Голем интерес за поморски возила ‒
Тој посочи дека на саемот ги изложиле своите производи во областа на системите за командна контрола, борбеното управување и беспилотните автономни системи.

„Знаеме дека постои голем интерес за поморските возила во Африка. Се надеваме дека беспилотните автономни возила и овде ќе го најдат своето место на пазарот“, објасни Наџар.
Тој даде коментир и за можниот рок за влез на автономните системи во инвентарот.
„Подолго време спроведуваме тестирања на терен. Сега се донесени некои одлуки. Многу наскоро, до крајот на годината, ќе можеме да ги видиме првите производи на терен“, рече Наџар.