Kemal Karadağ
25 Јули 2023•Ажурирај: 26 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Според информациите објавени на интернет-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Туркије, земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран во турската област Адана. Епицентарот на земјотресот бил во местото Козан, известува Анадолу.
Земјотресот се случил во 8:44 часот по локално време (7:44 по средноевропско време) и бил на длабочина од 11,27 километри.
