Okan Coşkun,Fırat Özdemir
16 Февруари 2023•Ажурирај: 18 Февруари 2023
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - По земјотресот во 2020 година, чиј епицентар беше во местото Сивриџе во областа Елазиг, по инструкции на турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, на 4 февруари 2020 година формиран е Полициски тим за пребарување и спасување (ПАК), кој во изминатиот период учествува во многу природни катастрофи, јавува Анадолу.
Јунус Емре Унверен, заменик-началник на Одделот за безбедност при Генералниот директорат за безбедност, за АА изјави дека Туркије ја доживеала најголемата катастрофа на векот и дека тимот продолжува со работата на заздравување на раните.
Наведувајќи дека по земјотресот во регионот членовите на тимот пристигнале по воздушен и копнен пат, Унверен изјави: „Започнавме активности за пребарување и спасување од под урнатините. Работиме доброволно 24/7 без одмор и сон. Работиме со одлучност да спасиме уште еден живот. Жалиме за граѓаните што ги загубивме.“
- „Го искористивме целиот персонал и опрема што ги имавме на располагање“
Унверен изјави дека учествувале во напорите за пребарување и спасување во многу урнатини во регионите погодени од земјотресот.

Зборувајќи дека персоналот на терен работи без одмор и сон, Унверен продолжи со зборовите:
„Дојдовме во регионот Кахраманмараш со четири кучиња кои се трагачи и спасувачи. Нашите кучиња се млади и успешни кучиња кои ја добија својата акредитација. Тие лоцираа 74 граѓани под 39 урнатини. Ги спасивме нашите граѓани од точките што кучињата ги открија. Се обидовме да стигнеме до што е можно поголем број наши граѓани. Спасивме стотици наши граѓани. Камо среќа да можевме да спасиме многу повеќе.“
- Тие одиграа важна улога во поплавите, пожарите и земјотресите
Потсетувајќи дека полициските тимови за пребарување и спасување беа формирани по наредба на министерот Сојлу пред три години, Унверен посочи на фактот дека тие се многу млад тим.
Зборувајќи за АА, Унверен рече: „Учествувавме во земјотресот во Измир, катастрофата од поплавите во Артвин и Кастамону и пожарите во Мугла и Анталија. Во моментов учествуваме во земјотресот што зафати 11 турски области. Илјада четириесет и осум тима на ПАК работат во областа на земјотресот. Нашите планови ги направивме многу брзо. Ги искористивме можностите на целиот расположлив персонал и опрема што ги имавме.“
- „Досега живи извлековме 346 лица“
Умит Џан Ерол, шефот на тимот на ПАК, рече дека веднаш по земјотресот, многу брго пристигнале во регионот за да можат што побргу да стигнат до областите погодени од земјотресот.
Нагласувајќи дека тие работат по команда и во служба на нацијата, Ерол рече: „Алах да ѝ помогне на нашата нација. Со екипата работиме на терен. Досега од под урнатините живи извлековме 346 граѓани. Нашата работа продолжува. Се надевам дека ќе спасиме и други животи.“
Онур Онлер, раководител за кучињата на ПАК, информира дека во регионот дошле со четири кучиња и додаде дека продолжуваат со својата работа.
Објаснувајќи дека кучињата се истренирани на мирисот на живи луѓе, Онлер истакна: „Кога ќе забележат живот под урнатините, кучињата ни го пренесуваат тоа. Ги информираме тимовите и работата започнува. Постојано ги менуваме локациите на урнатините. Нашите кучиња станаа тајни херои.“