Ferdi Türkten
10 Септември 2023•Ажурирај: 11 Септември 2023
АНКАРА (АА) - По разорниот земјотрес кој го потресе Мароко, Туркије испраќа 265 членови на тимови за помош и спасување, соопшти вчера Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Туркије, изветува Анадолу.
АФАД информираше дека станува збор за тимови на оваа служба, но и за медицински екипи на Националниот спасувачки медицински тим (УМКЕ), турската Црвена полумесечина и други невладини организации.
„За тргнување се подготвени 265 луѓе. Исто така, очекуваме повик на мароканската власт за распоредување на 1.000 шатори во погодените подрачја. Ги следиме случувањата на теренот“, соопштија од АФАД.
Најмалку 2.037 лица загинаа, а 2.059 се повредени во силниот земјотрес со магнитуда од 7 степени кој го потресе Мароко, соопшти синоќа мароканското МВР. Меѓу повредените, голем број лица се во критична состојба.
Смртни случаи предизвикани од земјотресот се забележани во повеќе региони, вклучувајќи ги и провинциите Ал Хауз и Маракеш, како и во градовите Азилал, Уарзазат, Тароудант и Чичауа.
Станува збор е најсилен земјотрес кој ја погодил оваа северноафриканска земја во последните 100 години, соопшти Националниот институт за геофизика на Мароко.