Турција

Туркије помогна во воздушната евакуација на над 2.000 луѓе од Либан

Туркије заклучно со 16 октомври им помогнала на 2.120 странски државјани од 21 различна земја во Либан да стигнат до нивната дестинација по воздушен пат преку Туркије.

Muhammet Tarhan  | 16.10.2024 - Обновена : 17.10.2024
Туркије помогна во воздушната евакуација на над 2.000 луѓе од Либан

ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије помогна во воздушната евакуација на повеќе од 2.000 луѓе од Либан во екот на израелските напади, велат извори од турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

Туркије заклучно со 16 октомври им помогнала на 2.120 странски државјани од 21 различна земја во Либан да стигнат до нивната дестинација по воздушен пат преку Туркије.

Евакуираните луѓе се од Канада, САД, Данска, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Аргентина, Либан, Палестина, Филипини, Велика Британија, Јужна Кореја, Индонезија, Ирска, Шпанија, Србија, Русија, Франција, Финска, Шведска и Узбекистан.

Туркије и со бродови евакуираше 966 лица од Либан, вклучувајќи 878 турски државјани и 24 од Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и нивните семејства.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın