Barış Yalçınkaya
30 Март 2023•Ажурирај: 31 Март 2023
ЕРЗИНЏАН (АА) - При превртувањето на патничкиот автобус во турскиот град Ерзинџан загинаа две, а повредени се 21 лице, јавува Анадолу.
Несреќата се случила рано утринава на патниот правец Ерзинџан - Сивас каде што има снег и мраз. Според првичните податоци, две лица загинале, а 21 лице се повредени.
На местото на несреќата се пратени екипи на брза помош, полиција, жандармерија и АФАД.
Повредените со возила на брза помош биле пренесени во болниците во Рефахие и Ерзинџан, откако на местото на несреќата им била укажана прва помош.