Gökhan Düzyol
05 Август 2023•Ажурирај: 08 Август 2023
На отворени води кај подрачјето на Кушадаси во турската област Ајдин се фатени 38 нерегуларни мигранти, пренесува Анадолу.
Според информацијата споделена на интернет-страницата на Командата за крајбрежна безбедност на земјата, на гумен чамец на отворени води кај Кушадаси била откриена група нерегуларни мигранти.
Гумениот чамец бил спречен од страна на крајбрежните сили, при што 38 нерегуларни мигранти биле донесени на копно.
Нерегуларните мигранти ѝ се предадени на Дирекцијата за миграција во Ајдин.