Yusuf Özcan
07 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
ПАРИЗ (АА) – Во Париз, главниот град на Франција, околу 1.600 нерегуларни мигранти засолнети под мостовите или покрај патиштата, со полициска операција се пренесени во спортските сали, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на француските медиуми, нерегуларните мигранти, кои беа засолнети под мостовите и покрај улиците во населбата Шапел и предградието Сен Дени во североисточниот дел на Париз, „евакуирани“ се со полициска акција, и пренесени во спортските сали.
Началникот на полицијата во Париз, Дидиер Лаламент, истакна дека нема да дозволат повторно да се изградат мигрантски кампови на тие места.
Властите во Париз претходно спроведоа многу операции за евакуација на нерегуларните мигранти, а тие беа однесени во центрите за привремено сместување.
Француската администрација е критикувана за лошото однесување кон нерегуларните мигранти во земјата, а исто така и за тоа дека од примитивните кампови ги евакуира во привремени кампови и за кратко време ги враќа во нивните земји.