Bilal Kahyaoğlu
18 Февруари 2023•Ажурирај: 19 Февруари 2023
АДИЈАМАН (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го посети Адијаман, кој минатата недела беше погоден од земјотрес, јавува Анадолу.
Чавушоглу се сретна со граѓаните погодени од разорните земјотреси што ја потресоа јужна Туркије.

Тој се состана и со министерот за транспорт и инфраструктура на Туркије, Адил Караисмаиоглу, министерот за земјоделство и шумарство, Вахит Киришчи, и со министерот за трговија, Мехмет Муш.
Потоа министерот Чавушоглу разговараше со семејствата на жртвите од земјотресот во шаторската населба и им се заблагодари на екипите кои им помогнаа на граѓаните.
Разговараше и со здравствените работници во мобилната болница.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, на 6 февруари погодија 11 турски области населени со над 13 милиони луѓе, уништувајќи илјадници згради.
Турската Управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека бројот на загинати во земјотресот се искачил на 40.642.