Hüseyin Bağış
16 Април 2022•Ажурирај: 18 Април 2022
ИЗМИР (АА) - Турската крајбрежна стража спаси најмалку 53 нерегуларни мигранти чии чамци беа истуркани од грчките сили во два одвоени инциденти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во првиот инцидент, 23 мигранти беа спасени во близина на брегот на Чешме во западната турска област Измир, се наведува во соопштението на Командата на Турската крајбрежна стража.
Уште 30 мигранти се спасени во близина на брегот на Сеферихисар.
Сите мигранти се испратени во обласните канцеларии за миграција.
Турција и групите за човекови права континуирано ги осудуваат незаконските практики на Грција за истуркување на мигрантите, нагласувајќи дека тоа претставува кршење на хуманитарните вредности и меѓународното право преку загрозување на животите на ранливите мигранти, меѓу кои има и деца и жени.