Seda Sevencan
06 Февруари 2023•Ажурирај: 06 Февруари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Надлежните ја ревидираа магнитудата на утринскиот земјотрес што ја погоди јужна Туркије од 7,4 на 7,7 степени, јавува Анадолу.
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD) ја ревидира јачината на земјотресот што се случи во 4:17 часот наутро по локално време и беше со епицентар во округот Пазарџик во јужната турска област Кахраманмараш по детална сеизмолошка анализа. Земјотресот е регистриран на длабочина од 7 километри.

Подоцна, нов земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала повторно ја потресе јужната турска област Кахраманмараш.
Земјотресот е регистриран во 13:24 по локално време, на длабочина од седум километри.
Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) наведе дека епицентарот на земјотресот е регистриран во местото Елбистан.
Претседателот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер, информираше дека во Туркије, досега во земјотресите со епицентар во областа Кахраманмараш загинале 1.014 луѓе. Претходно претседателот на Туркије Ердоган кажа дека во земјотрсот се регистрирани 5.385 повредени.
Соседните области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа силно погодени од земјотресот.
По земјотресот што ја потресе Туркије, сочувство и понуди за помош пристигнаа од многу земји од светот.