Sarp Özer
07 Ноември 2023•Ажурирај: 08 Ноември 2023
АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба МИТ ја неутрализира Ајше Арслан, координаторка на социјалната област на терористичката организација ПКК за регионот Хакурк, во северниот дел на Ирак, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.
Туркије ја следеше терористката, која се приклучила на ПКК во 2004 година и била активна во ЈПГ, сириски огранок на терористичката организација ПКК, од 2014 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.