Orhan Onur Gemici
01 Септември 2023•Ажурирај: 02 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турската национална разузнавачка служба (МИТ) неутрализира терорист на терористичката организација ПКК во прекугранична операција во северниот дел на Ирак, соопштија безбедносни извори, пренесува Анадолу.
Цел на операцијата во Сулејманија беше Резан Ѓунген, кој беше обучен од терористичката организација да изведува атентат и диверзантски напади против турските безбедносни сили, рекоа изворите, кои сакаа да останат анонимни поради ограничувањата да зборуваат за медиумите.
Резан Ѓунген, со кодно име Резан Ботан, активно учествуваше во терористичките активности во кампот Махмур во Ирак.
Тој беше и дел од младинската структура на терористичката организација ПКК.
Блиски роднини на Резан Ѓунген: Бехлул Ѓунген, со кодно име Мурат Ботан; и Ѓулер Ѓунген, со кодно име Рукен Ботан; беа неутрализирани од МИТ.
Турските власти го користат терминот „неутрализирање“ за да имплицираат дека терористите се предале или биле убиени или заробени.
Терористите на ПКК често се кријат преку границата, во северен Ирак, за да планираат напади.
Во својата повеќе од 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД, ОК и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.