Sarp Özer
07 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, имаше телефонски разговор со шпанската министерка за одбрана Маргарита Роглес Фернандез, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана соопшти дека состанокот бил позитивен и конструктивен.
„Беа разменети мислења за НАТО и ЕУ, за билатералните и регионалните одбранбени и безбедносни прашања, вклучително и за Авганистан, како и за соработката во одбранбената индустрија“, се додава од Министерството.