Fatma Sevinç Çetin
23 Декември 2022•Ажурирај: 24 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, истакна дека Туркије ги поддржува напорите за нормализација меѓу Азербејџан и Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на настанот организиран од страна на Амбасадата на Азербејџан во Анкара, Акар рече дека Туркије ја поддржува нормализацијата и подобрувањето на односите меѓу Баку и Ереван.
Според него, „Анкара е против секоја ситуација што поттикнува безизлезност“.
Осврнувајќи се на договорот потпишан од Азербејџан и Ерменија по 44-дневната војна во септември 2020 година за регионот Карабах, Акар рече дека со потпишувањето на договорот, Туркије направила „сѐ од себе за да обезбеди мир и стабилност во регионот и да создаде атмосфера на мир и спокојство низ Кавказ“.
Тој, исто така, нагласи дека е неопходно да се знае дека Азербејџан е во право во својата кауза и тоа треба јасно да се истакнува насекаде.
„Туркије постојано го истакнува ова на меѓународните платформи, особено на платформите на НАТО и во билатералните односи“, рече тој.
Исто така, Акар нагласи дека вооружените сили на двете земји работат напорно на модернизација на Aзербејџанската армија, додавајќи дека овие напори продолжуваат со голем успех.
Тој истакна дека соработката со Азербејџан продолжува за воена обука, работи за поправка на одбранбената индустрија и расчистување на мини и импровизирани експлозивни направи.
Ерменија и Азербејџан водеа 44-дневна војна во септември 2020 година за регионот Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, како и седум други региони.
За време на војната, која заврши со мировен договор со посредство на Русија, Азербејџан ослободи неколку градови и над 300 населби и села кои беа окупирани од Ерменија речиси 30 години.