Sefa Mutlu
17 Јануари 2022•Ажурирај: 17 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отпатува во официјална посета на Албанија, на повик на албанскиот премиер Еди Рама, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и делегацијата на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, меѓу другите беа испратени од потпретседателот на Турција, Фуат Октај, и гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја.
Дел од турската делегација се министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за урбанизам и климатски промени Мурат Курум, министерот за млади и спорт Мехмет Мухарем Касапоглу, министерот за одбрана Хулуси Акар и министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.
За време на официјалната посета на Албанија ќе се разговара за односите меѓу двете земји, како и за чекорите за продлабочување на соработката.
Предвидено е и во Лач да се организира церемонија на предавање на клучевите од домовите на семејствата кои останаа без покрив над главата во земјотресот во 2019 година, во чија изградба учествуваше и Република Турција.
Ердоган во Тирана ќе присуствува на отворањето на џамијата „Едхем-бег“ во Тирана, реставрирана од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и ќе има обраќање пред албанскиот Парламент.