Zafer Fatih Beyaz
01 Јули 2020•Ажурирај: 01 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, утре ќе отпатува во еднодневна работна посета на Катар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Канцеларијата за комуникации при Претседателството на Република Турција, претседателот Ердоган утре ќе оствари средба со емирот на Катар, шеикот Темим бин Хамед ал Сани.
Се очекува на средбата да се разговара за сите аспекти на пријателските и братски односи меѓу двете земји.
Тоа ќе биде првата посета на странска земја на турскиот претседател по епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19.
На средбата со емирот на Катар, шеикот Темим бин Хамед ал Сани, предвидено е да се разменат и ставови за регионални и меѓународни прашања.